*
Житие на Св. Ѓорѓи Кратовски
Ѓорѓи Кратовски
Неговата татковина беше Македонија,а родното негово место Кратово,син на благочестиви родители Димитриј и Сара.Кога детето ја достигна шестата година од својата возраст,родителите го дадоа да учи свештени книги,и тој наскоро ги изучи.Потоа го дадоа да учи златарски (кулунџиски) занает,што исто така добро го прифати.Така и во двете (работи) им угоди на своите учители и прими благослов и од двајцата.Во тоа време неговиот родител се упокои во Господа и тој стана сирак,без татко.А бидејќи беше лично и мошне убаво момче,така што не се наоѓаше сличен нему по убавина од тој град,се исплаши да живее таму,за да не биде принудено одведен во дворот на нечестивиот и поган цар исмаилитски Бајазит бег.Поради тоа ја остави својата татковина и отиде во градот Сердика,подоцна наречен Софија,и живееше во домот на еден од градските свештеници каде што тој водеше добродетелен живот.А презвитерот ја гледаше неговата послушност и колку што можеше го поучуваше во светите книги.Тој пак,на дело се трудеше да го исполни довереното му.Така и стана.
И како што не можеше да се сокрие град,што се наоѓа на врв планина,ниту,пак,светило се пали и клава под поклоп,туку на свешник,та оние што влегуваат да ја видат светлината(Матеј 5,14-15),така стана и со ова момче.Гледајќи го него,Мухамедовите нечестиви свештеници ( охи), поттикнувани од бесовите,не можеа да трпат како тој оди во благочестието,па побзаа со сета сила да го приведат кон себе.Така тие избраа еден од нивните учени,сигурен и вешт на збор и подготвен на секаков одговор,па го испратија да разговара со него.Тој дојде при него со лукава намера и му донесе некава ракотворба и му даде доволно пари,за да го придобие за пријарел.И така почна со мали и лукави(вешти) зборови да го поткраднува,
``О,младичу,велеше тој,кога би сакал ти да ја напуштиш твојата тешка и за овој свет непријатна служба и да пристапиш кон нашето благо и лесно учење,ти би примил голема слава и чест и јас би те здружил со ќерката на првиот и најбогат (човек)во овој град,и ти би станал наследник на големо богатство,и од сите во градот би примил чест и почитување заради твојата убавина и би те имале за прв (човек) во градот.Не ти прилега со таква лична убавина да живееш во оваа сиромаштија и ропски,туку нека стојат пред тебе и нека ти служат слуги и слугинки...
Koга го слусна ова,Ѓорги му рече`
Ти благодарам што така добро се грижеше за мене.Но кажими искрено што ке те прашам.Знам дека добро знаеш,зашто слушнав за тебе оти ги знаеш до крај сигурно вашите (работи) што се случиле до сега и што треба да биде по крајот.Ако сакаш да ја кажеш само вистината,кажи ми дали оваа слава и чест,за која ми зборуваш,останува вечно или престанува?
Тој рече:
,,Секако дека престанува овде.Но оние што живеат добро и го држат Мухамедовото предание,тие одавде преоѓаат во рајот,,,
А Ѓорги му рече.
,,Во што се состои доброто на овој живот,како што велиш ти?,,
Тој одговори:,,најнапред добрата вера и телесната чистота?,,
Ѓорги додаде.,,Добро рече -добрата вера,а каква чистота?,,
Тој рече, ,,,Често да се миеш и да се клањаш,,,
Ѓорги одговори:
,,,Ако човек живее во блуд или прељуба или пејадување и пијанство и ужива во секакви телесни наслади,дали Бог ќе го прими во рајот?,,
Тој и несакајќи ја посведочи вистината,кога рече:
,,,Секако дека Бог нема да ги прими таквите,ако не се обратат со големо покајание.А тие што ќе умрат со такви дела,секако дека ќе отидат во маки,,,.
Ѓорги прослови:
,,Прво пресуди,како што гледаш,сите ваши цареви и кнезови и судии и велможи им робуваат на ваквите нечисти дела и до крајот на својот живот без покајание лошо гинат,како што и самиот рече,,,
А тој проговори:
И со милостина бог бива умолен и опростува гревови.И погледниги нашите цареви,кнезови и велможи колку џамии и мостови и извори(бунари) прават заради Бога,а за покој на луѓето,,
Ѓорги одговори:
Давид писува(научен од Светиот Дух),,,жртвата на нечестивите Му е одвратна на Бога,,,И бидејќи,како што гледаш,од века мноштво цареви и силници направија многу добрини,но поради нивното неверие тие изгинаа и без спомен останаа,особено изгинаа оние од нашиот род.Во вашата вера никој не се наоѓа свет или праведен,било цар или паша,војвода или судија,учител или некој од простите,ами сите изгинаа.А во нашата вера- и цареви архијереи и прости луѓе,од Христа до денес,се наоѓаат праведни и свети.И нивните тела од многу години остануваат цели и неоштетени и им даваат исцеление од разни болести на оние што со вера приоѓаат,а и бесови од луѓето изгонуваат.Тие праведници почиваат како да спијат и спуштаат мирис како крин.Како многу други ,така и Преподобната мајка света Параскева-Петка,многу години нејзиното тело стои не такнато од трулешта,а дава исцеление на многумина кои со вера пристапуваат кон неа.Дури и од вашата Мухамеданска вера многумина нашле исцеление,кои пристапиле кон неа,со вера во Господа Исуса.И верувај како што се свети тие,така сме свети и ние што веруваме во нив.Како тогаш ме учиш да отстапам од вистинската вера што води кон Бога и не прави наследници на Царството небесно.Знам дека и ти добро го знаеш тоа,но прелеста(привлечноста) на овој свет не те остава да и пристапиш на вистинската вера и да се спасиш.Бидејќи самиот си сакаш да загинеш,немој и други да водиш во својата погибел.
Кога го слушна ова тој остана посрамен и, немајќи што да одговори,го сокри јадот во свето срце и отиде при својата друѓина и им раскажа на тенко и им рече:Ако овој го оставиме така,сите наши ќе бидат исмејани од него.И така ги поттикна на непријателство.
Тие дојдоа при судијата и му кажаа се за него.Додадоа уште и лаги,велејќи:,,Тој ја исмеа сета наша служба и законодавецот наш,па дури и царевите наши,и кнезовите и судиите,сите ги предал на маки.
Ako овај го оставиш во христијанството,да знаеш дека нивната вера ќе се возвеличи,а нашата ќе биде исмеана,,,И со овие зборови го разгневија судијата.А тој (судијата) го испрати оној што разговараше со Ѓорѓија,велејќи;Оди и доведи го при мене вешто,и не кажувај му ништо за ова,,
Кога тој дојде при него и по обичај се поздрави со него.му рече:,,Да знаеш, Ѓорѓи,дека нашиот судија има голема потреба од тебе,зашто му кажав да си опитен во уметноста и треба да му направиш многу накит,ќе бидеш многу сакан од него и ќе примиш плата колку што сакаш.Но стани и да одиме кај него.,,,
Тој помисли дека тоа е висѕина,зашто незлобивте веруваат секому.Така и двајцата дојдоа пред судијата.
Кога го виде,судијата беше восхитен од него и го повика да му се доближи,па му рече со тивок и умилен глас:,,о, младичу.велат дека си вешт во уметноста.Можеше ли да ми направиш накити какви што јас сакам?,,,
А тој рече:Дај ми да направам и мислам дека ќе ти се допаднат,,.
Овај пак му рече:,,Разбрав дека си вешт во се.Но ќе те прашам уште едно и,ако ме послушаш,ќе биде добро за тебе.Ако пак не ме послушаш,лошо ќе поминеш.,,
Тој проговори:,,,А што ми заповедаш?,,,
Судијата рече:Одречи се од Христа и пристапи кон нашата вера и овде ќе ги уживаш сите добра,а по твојата смрт ќе се веселиш во рајот,,,.Тој кажуваше и многу други лукавства.
Кога го чу ова Ѓорѓи си велеше во себе:Гледам дека сум приведен овде да се борам за мојата вера,а не заради занаетот.Но Господи мој Исусе Христе,дај ми разумно слово да одговорам и научиме на Твојата воља,,.
И во тој час му се даде слово на премудроста.Зошто Христос,кој е почеток на нашиот подвиг,рече,,,Кога ќе ве приведат на суд,не грижете се што и како ќе зборувате,зашто нема вие да зборувате,туку Светиот Дух,,(Мт.10,19), и му рече на судијата: Според вашиот учител Мухамед,каде одат душите на вашиот род по смртта?,,
Тој одговори:,,Во рајот,,..
Ѓорѓи додаде,,,Какво сведоштво или знак или чудо приведуваш,за да веруваш вака на празни зборови?,,
A тој рече:,,Каков друг знак бараш? Не сме ли ние цареви и не победуваме слични царства,и зар не ги освојуваме нивните градови? Зар царевите светски и кнезовите не ни се поклонуваат нам и ни даваат данок? А кога Бог не би не сакал нас,тој не би го издигнал достоинството наше,,,
Ѓорѓи рече:,,Древните народи,иако (имаа) силни цареви што владееја со светот и со богатствата,и ја собираа сета земна слава,не Му сличеа на нашит Господ Исус Христос, сите загинаа и останаа без спомен и ништо не им ползуваше нивната слава и богатство,Сами христијаните,кои добро му сужеа на Бога,и царевите и простите луѓе се оправдаа и се праведни и свети.И ти добро го знаеш ова,но царскара сила не те остава да ја признаеш вистината,,.
А тој проговори; ,,Началникот на Мухамед разговарал со Бога и од него го примил законот и нам ни го подарил,,.
Ѓорѓи рече: ,,Не би рекол дека Мухамед разговарал со Бога,зашто кога Бог слезе на планината Синај,под планината стоеше мноштво еврејски народ и трепереше од страв и гледајќи Го како слегува низ молњи и огнен облак.И, кога го повика Мојсеја, разговараше со него.И кога се роди Христос,цареви персиски,водени од ѕвездата,дојдоа и Му се поклонија (Мат.2,1-11).И пак Он направи многу чудеса пред сите:слепи прогледнуваа,лепрозни се очистуваа,болни лекуваше,мртви воскреснуваше и по водата како по суво одеше (Мат,14,15-26; Марко 6,48-49). И пак,кога на Елеонската Гора на небо се вознесуваше,мноштво народ со Неговата Мајка,стоејќи се чудеа,гледајќи како се вознесува на облак.Во тој час дојдоа два ангела и им рекоа на луѓето: Овој што Го гледате како се вознесува од вас,пак ќе дојде да им суди на живите и на мртвите и секому ќе даде според неговите дела (Мт.25,31-32,16,27).Оние што не веруваат на ова,сите ќе изгинат.А што се однесува до вашиот Мухамед,кој видел и кој чул,или на кое место Бог говорел со него?Или какво чудо направил тој во животот?Знеме добро дека ниту едно (не направил). Но самиот тој напиша удобно учење,телесно мудрување и тоа им го предаде на луѓето,неискусни во верата.Тоа учење го прими персискиот народ и (тоа) се вкорени во срцата нивни.И како што тој не е свет,ниту преподобен,така и сите што му поверуваа нему,,.
Кога го слушна ова мноштвото Агарени што стоеше наоколу,сите извикаа:,,Земи го овој одовде.Ете, до крај не исмеа,,.
Судијата нареди да го одведат во затворот.И му ги врзаа рацете назад и едните биејќи го,други туркајќи го,трети плукајќи го,го ставија во затворот.
Пристигна свештеникот и им рече на оние што го водеа:,Дајте ми го овој,- јас ќе гарантирам за него и,кога ќе затреба,пак ќе ви го дадам,,
А тие му рекоа вака:,, Тој нема да излезе од рацете наши.Но ако го сакаш и ти е мил неговиот живот,убеди го да премине во нашата вера.Ако,пак,не премине,тогаш ке биде лишен од животот,,.
Така тој дојде до затворската стража и ги замоли да го изведат од затворот и насамо да проговори со него,во домот на стражарот.Бидејќи затворскиот стражар го почитуваше многу свештеникот,и му ја исполни желбата.
Свештеникот го целива и му говореше: ,,Радувај се чесна главо,Ѓеорге,зашто денес си го прослави Христа како некогаш Стефан првомаченик или Стефан Нови,кој се бореше за светите икон,.денес си направил дело слично на многу други светители.Но биди храбар и држи се, оти по ова исповедање треба да пострадаш,како што страдаа и мачениците по нивното исповедање (на верата). Затоа се тие славно по вселената.И ако вака примаат почести од нас оние што пострадаа заради нас,нека примат венец од Христа,за Кого и пострадаа и ја пролија својата крв.Та кога ке дојде Он и ќе седне на престолот од Својата слава и ги собере сите народи,да даде секому според неговите дела(Мт,16,27).Колкава слава и чест ќе примаат оние што заради Него се подвизуваа овде во овој привремен живот,како што Самиот Он вели: ,,,секој што ќе Ме признае (исповеда) Мене пред луѓето,ќе го признам и јањс пред Мојот Отец небесен(Мт.10,32).И колку тогаш ќе се рзвеселат преподобните во слава (Пс,149,5).И ако некој прими чест и дарови затоа што се бори до крв за земниот цар, колкави ли почасти и дарови ќе примаат оние што се борат за Царот над царевите.Тие што ќе примат таква слава каква што око не виде,и уво не чу, нити на човека на ум му падна.Тоа го приготви Бог за оние што го сакаат,,(Кор.2,9).
Ѓорѓи рече: ,,Верувам дека е така што велиш ти,но многу се плашам и бојам од оган,и не се надевам дека ќе можам да истрпам,,.
Презвитерот му рече: ,,Дали се боиш од овој оган,од кога болките ќе ти минат за половина час и потоа ќе те всели во заедницата на светите,или да не истраеш овде половина час и вечно да се мачиш во гената огнена.Зар не му веруваш на учителот наш Павле ко вели: ,,,Никој нема да ме одвои од љубовта на мојот Христос,ни меч,ни оган, ни ангелите,ни сегашна,ни идна нити некоја друга твар,, (сп,Рим.8,35,38-39). И пак: ,,Оти мислам декастрадањата на сегашново време не се ништо спрема славата што ќе се јави во нас (Рим.6,18).Зашто овдешните маки не се ништово споредба со вечните блага што ќе ни бидат дадени.И зошто не се радуваш дека си готов непропадливите работи да ги замениш со пропдливи и небесните со земни? И бидејќи дните на нашиот живот се седумдесет или осумдесет години и ( за Бога) иљада години се како вчерашен ден што поминал (Пс.89,10,5) тогаш подготви се себе машки против лукавствата на животот (Еф.6,11). И верувај дека Бог ќе те крепи,бидејќи не од својата неразумност си паднал во ова,како што јас разбирам,туку Бог те повика да Го славиш во овие посебни дни.Он и со тебе ќе направи како со великиот мачени Георгиј.Само немој да паѓаш со духот,туку подготви се за трпење,,,.
А Ѓорѓи му рече: ,,Вистина е што рече,но имам само една мала молба до тебе:ако можеш да ме избавиш (одовде) да поживеам уште во тело и да направам некое добро дело пред Бога, бидејќи до сега немам ништо добро направено,Ако ли пак немозеш,нека биде вољата Божја. Јас ќе се трудам да извршам се што ми говореше,но моли Го Бога да не ме лиши од Неговата помош. Зашто Самиот Он рекол: ,,,Без мене не можите да направите ништо,, (Јн. 15,5).
Презвитерот додаде:,, Навистина ќе се потрудам од се срце за твоето спасение и,само ако е можно,ништо нема да штедам од мојот дом,,,
Откако му ги даде овие и многу други поуки од Божественото (Свето) писмо,слушајќи го ова,тој ги примаше во срцето свое со радост,зашто Соломон рече: ,,Дај му совет на мудриот и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот и тој ќе напредне повеќе во знаењето,,(Мудри изр,9,9).
Свештеникот му рече: ,,Мир ти,Георгие,Господ нека биде со тебе и нека те крепи и чува од секој напад на непријателот,,,. И така се раздели од него.
А тој, откако му се поклони,пак беше одведен во затвор.
Утредента пак се собраа мноштво Мухамедови свештеници и го изведоа од затворот.И што треба да се каже: колку измислени зборови или колку закани беа изречени против него и ништо не добија од она што го сакаа.И пак го затворија во занданата и во тешки железа му ги оковаа рацете и нозете. А тој благодарејќи Му на Бога,трпеше се.
Презвитерот отиде кај судијата молејќи го и дарови и ветувајќи му,за да го ослободат од веригите,зашто свештеникот го знаеше добро судијата и за се одеше кај него смело. Тој пак одговори и рече: ,,,Ќе се потрудам да го ослободам,,,.
И по осум дена пак го приведоа пред судијата и се собраа сите злобни началници,службеници Мухамедови и врзан го ставија пред судијата.А тој пак почна да му ласка,велејќи; ,,О младичу,зошто се изложуваш себе си на такво бесчестие и на такво исмејување? Гледај како ти се потсмеваат сите и се подбиваат со тебе.Твоите пријатели те жалат.Но послушај ме мене и исполнија вољата наша,,,
А судијата имаше син единец и,кога го повика рече: ,,Ете Георгие,отсега овој мој син ќе ти биде брат,а мени двајцата ке ми бидете синови и во мојот дом со него заедно ќе живееш. И како што гледаш ,јас сум остарен и по мојата смрт ќе бидеш втор наследник на сето мое богатство и имот. Она што го реков,во писмена форма ќе ти го дадам денес пред сите овие,за да се увериш дека ти ја кажувам вистината. Тоа што ти го реков со збор,ќе го направам и на дело. Сето ова мноштво овде собрано,сите ќе ти се поклонат и ќе ти бидат како слуги. Кога тоа мноштво персиско ги слушна овие зборови гласно го пофалија својот судија. (Јас,пак стоев близу до него и,често погледувајќи го,во мојот ум Му се молев на Бога да не биде на потсмев на вразите).
Ѓорѓи му рече на судијата: ,, Бидејќи се грижиш за доброто на моето тело овде и бидејќи ме сакаш,остави ме да бидам со христијаните и со нив да живеам. Ако ли не сакаш,знај дека Христовата вера и од Неговата љубов ништо не може да не одвои:ни земното богатство,ни оваа минлива слава,ни ога, ни меч,нити некој друга мака (сп.Рим.8,35,38). И зошто доцниш? Од овие три (работи)треба да направиш една: или да ме пуштиш на слобода и да си бидам христијанин (каков што и сум) или да ме испратиш при Мојот Христос,или и самите вие да станете христијани и да се избавите од вечните маки,,.
Судијата рече: ,,Зар јас ти велам да се одречеш од Христа и да не Го сакаш и да не Го почитуваш/ Не е точно,бидејќи и јас многу Го сакам и признавам дека е зачнат од Духот Божји и од Марија Дева е роден без маж,и дека е вистински пророк,и оти жив се вознесе на небо и пак ќе биде судија во последниот ден. Кој не верува во ова проклет да е. А какво зло правиме ние што го почитуваме Мухамеда и го држиме неговиот закон што му даде Бог му ги предал нему клучевите од рајот?,,
Ѓорѓи проговори: ,,Му благодарам на Бога што ти добро исповедуваш (признаваш) дека Христос е зачнат од Духот Божји и е роден од Марија Дева и дека Он е Судија на живите и мртвите,и оти секому ќе даде според неговите дела.Така верува целата вселена,сите народи од исток - до запад и не само тоа: пред Неговото раѓање,сите поранешни пророци претскажуваа за Него дека Синот,Словото Божјо,ќе се роди од Светиот Дух и поживее со луѓеѕто и оти ќе ги исели човечките слабости (болести),дека неверните Јудеи ќе го замразат ,и ќе биде распнат и погребан,и дека ќе воскресне од мртвите и ќе се вознесе на небесата и че седне оддесно на Отца и во последниот ден ќе дојде да им суди на живите и на мртвите. И Он Самиот рекол во Светото евангелие: сите Пророци Законот пророкуваа до Јована (Крстител) и оттогаш па до крајот на векот не се јави пророк.(Мт.11.13). А Апостол Павле рече: ,,Ако некој ви благовести друг Христос или друг пророк,нека биде анатема,, (сп.Гал,1,8). Но кој е Мухамед? Ќе ти кажам јас што рече Христос: ,,,Во последните дни ќе се појават лажни христоси и лажни пророци и ке направат знаци и чуда,,, но неверувајте им,,(Мт,24,24-26). Тоа што го рече Он, и стана. Сите христијани - избраници Божји - не го примија лажниот пророк Мухамед,но вие не искусните луѓе,бидејќи немавте никакво писмо или закон Божји,пред неговото доаѓање и бевте лишени од вистината Божја,тој виде дека незнаете ништо од Божественото писмо и так го насеа во вас своето плевелно учење. Самио,пак,тој себе се нарече пророк и клучар на рајот,мечтае за телесна храна во рајот,вели дека рајот ќе има блудно мешање и, откако напиша и многу други измислици,составилнкнига и рекол дека таа книга паднала од небото додека тој спиел. Самиот тој сведочи за себе,а вие го примивте тоа: нити пророци претскажале за него,нити пак направил некакво чудо,како што направил Христос; нити го видел некој како ја примил книгата од Бога,како што го виделе Мојсеја мноштво, луѓе. И зото да зборувам многу.Јас не го сметам него ни за пророк,ни за светец,нити за праведник,,а тие што веруваат во него,нека земат учество со него. А што се однесува до мене,јас сум хрисов и овде и во иднот век,,,
Кога го слушна тоа она насобрано мноштво,извикаа со ситни гласови и се нафрлија на него, крекајќи со забите и сакајќи да го убијат. И секако дека би го убиле во тој час,ако судијата,преку своите слуги,не им збранеше да го бијат,а тој им рече: ,,Зошто се нафрливте на него како диви ѕверови? Немам ли јас од царот влас да осудам,кого сакам да го осудам и кого сакам да ослободам ?,,
Tие извикаа: ,,,Како што ти е даден судот,суди праведно според нашиот закон,оти и ние го занеме сиот закон,иако немаме власт од царот,,.
А судијата им рече: ,,Бидејќи знаете,што треба да му направам? ,,Тие одговорија: ,,Да биде изгорен на оган,а пепелта во воздух да му ја развееме,,,.
Судијата рече: ,,Поради тоа ли да го запалиме,што ја фали својата вера,а нашата не ја прифаќа?,,
А тие додадоа: ,,Треба ло да живее оној што ќе похули против нашиот законодавец,како против варот и војводите,и судиите и едноставно - против сите ?,,
А тој рече: ,,Не слушнав од неговата уста зборови какви што вие кажувате,,,.
Тие почнаа да викаат: ,,Не само ова што го кажавме,туку и сиот наш закон и клањања и миења ги огади и исмеа,,,
Судијата пак рече: ,,Така ли е Георгие,како што овие сведочат против тебе? ,,,
А Ѓорѓи рече: ,,Ни на ум не ми паѓа да хулам против човекот,кој е Божјо создание,туку само не ги примам делата на грешниците,а ја проповедам вистината за Христа и за Него сум готов да умрам,,.
Судијата пак му рече: ,,,Хула ли е тоа што го слушате?,,,
Тие одговорија: ,,,Ова не е хула,но тие хулни зборови ги изрече пред да го доведеме пред тебе.Па ако го пуштиш овој , тогаш и ти си разорител на верата наша и на законот,а за ова ние ќе го известиме царот,,..
Кога виде судијата дека ништо не помага,а станува уште поголема врева,рече: ,,Признај Георгие,како што овие сведочат против тебе,,.
А тој одговори: ,,Што реков,реков; во мојата уста нема да најдеш лукавства,,(Пс,31,2).
Судијата проговори: ,,Јас повеќе му верувам на ова мноштво,отколку тебе.А бидејќи не се одречуваш од Христа,заслужуваш смрт,,, И на народот што го лкеветеше,му рече: ,,,Гревот негов нека биде на вас и на вашите души. Направете со него како што сакате,,..
А тие се нафрлија на него како волци што сакаат да раскинат јагне:едни го удираа по образита,други го плукаа,трети го тргаа ваму таму и,кога му ги врзаа рацете назад го поведоа низ целиот плоштат. А нивниот проповедник викаше пред сите со силен глас: ,,Дојдете сите вие што сте чувари на нашата вера и донесете дрва да го изгориме овој што го похули нашиот закон и не сака да се одрече од Христа,,.
И така се собра безбројно мноштво Персијци (Мухамеданци): едни го заплашуваа,други му се закануваа,трети му ветуваа многу дарови.И ништо не помагаше, а секому што говореше,подготвено му одговараше.
Потоа го доведоа на едно место близу до црквата Света Софија. Кога му се доближи свештеникот, му рече: ,истрај денес малку,Ѓорѓи,за вечно со Христа да ликуваш,,, Ѓорѓи му рече: ,,Моли го Бога за мене,отче,да ме поткрепи,,,
Кога го слушнаа ова оние кои го познаваа свештеникот,го тргнаа да не му се доближува повеќе. Но свештеникот имсше еден (пријател) Сарацен (Турчин), облечен во убава турска облека,кој во срцето имаше голема љубов кон Христа и кон непорочната вера христијанска,што од страв не смееше јавно да признае,но потајно,се што ќе му наредеше свештеникот,со радост го прифаќаше и со задоволство го слушаше.А тој (свештеникот) му нареди да отиде близу до него и да слуша што ќе му речат нему, и што тој ќе му одговори.Кога тој ги собра свештениците и христијаните што се најдоја на тоа место,им рече: ,,Браќа, молете Го Бога да го поткрепи,,..
И сите почнаа со солзи да се молат на Бога за него, говорејќи: ,,Господи Исусе Христе,Кој и пред ова си направил значи и чудеса со твоите свети маченици,Ти си истиот и сега: поткрепи го ова момче да Те исповеда до крајот свој во овие последни денови и направи со него некој знак,така што оние што ќе видат и ќе слушнат за него,да го прослават Твоето име,зашто си благословен во вечни векови амин,,.
Агарените,пак,откако собраа многу дрва и направија голема клада,почнаа да му ласкаат и да му ветуваат многу дарови.
(ПРОДОЛЖУВА)
Source: www.m-p-c.org
[ << Return to News Page ]